На еден меч постигнати 25 погодоци – натпреварот меѓу Шкупи и Јувентус Серава понуди неверојатна голеада, со среќен крај за Шкупи, кој со овие три бода прави чекор напред кон опстанок во елитата.
Натпреварот од 13. коло на Првата футсал лига направи да има гол на секоја една минута и 36 секунди. Шкупи славеше со 15:10 и со нови три бода се зацврстува во зоната за директен опстанок.
Еркан Сефери за Шкупи постигна седум гола, Абдил Кадир Јахја имаше три погодоци, а пак Ербил Даци и Зекир Зејнели по два гола. Автогол си постигна Фуркан Шабани, додека пак на спротивната страна автогол постигна Ербил Даци.
За тимот на Јувентус Серава по три гола постигнаа Фуркан Шабани и Фетим Аџами, Омер Османи беше двоен стрелец, а еден гол постигна Осман Мустафа.
Сега тимот на Шкупи е на седмата позиција со 14 бодови, со шанси и да прогресира на табелата, а пак Јувентус Серава на кој му се одземени три бода се наоѓа на петтото место со 15 бодови.