Втора лигаФудбал

Пројковска главна во Штип, Ќерими ќе им суди на Кожуф и Охрид, Илиоски оди во Сингелиќ

Сподели
Сподели

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 20. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите натпревари ќе се одиграат утре и ќе стартуваат во 14:30 часот.

Мечот меѓу Тетекс и Новаци ќе го суди Фатмир Бафто, а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Марио Мојоски, а Димитар Левески ќе биде четврт судија.

Делегат ќе биде Гоце Ефтимов, а контролор на средбата во Тетово ќе биде Бурханедин Салихи.

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата во Штип на мечот меѓу Брегалница и Каменица Саса, а ќе и помагаат Елена Соклевска Илиевски и Цветанка Савеска, додека пак четврт судија ќе биде Борче Павловиќ.

Делегат на средбата ќе биде Ненад Маркоски, а Крсте Даниловски ќе биде контролор.

Вардар Неготино на домашен терен ќе игра со Преспа, а правдата ќе ја дели Спире Арсов, додека пак помошници ќе бидат Петар Михаилов, Дејан Стоиков, а четврт судија Ангелчо Ристов.

Делегат на мечот ќе биде Раде Гроздановски, а контролор Горан Ангелески.



Победа на домашен терен ќе игра против апсолутниот фаворит Скопје, а на центарот во Прилеп ќе биде Марјан Стојановски, додека пак покрај аут-линиите ќе бидат помошниците Куштрим Лика и Осман Зеќири, а пак Бенарт Зеќири ќе биде четврт судија.

Столе Тошев ќе биде делегат, а контролор Горан Манасиев.

Осогово на домашен терен ќе го пречека „фенерџијата“ Големо Коњари, а правда на мечот кој се игра во Кочани ќе дели Дарко Стојанов, а ќе му помагаат Александар Гигов и Зоран Саздовски, додека пак Здравко Костовски ќе биде четврт судија.

Тухо Чурлинов ќе биде делегат на овој меч, а контролор ќе биде Зоран Стефанов.

Влатко Илиоски ќе им суди на Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица, а ќе му асистираат Дино Конески и Андреј Ќамилов, а пак Дарко Котевски ќе биде четврт судија.

Лазар Проданов ќе биде делегат, додека пак за контролор е одреден Иса Емурли.



Никола Петковски ќе биде на центарот во Струмица каде ќе се соочат фаворитот Беласица и Слога од Виница. За помошници се одредени Александар Ѓурковски и Станко Митровиќ, а пак Блаже Петковски ќе биде четврт судија.

Делегат ќе биде Жанко Савов, а пак контролор на мечот во Струмица ќе биде Златко Неделкоски.

Кожуф на домашен терен ќе го пречека лидерот Охрид, а во Гевгелија главен судија ќе биде Бењамин Ќерими, а ќе му помагаат Борис Трајков и Николче Николовски, додека пак Ненад Тодоровски ќе биде четврт судија.

Тони Николовски ќе биде делегат на оваа средба, а пак контролор ќе биде Џенан Хајдари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Четири гола на Осман Мустафа: Голема победа на Јувентус Серава над Форца

Јувентус Серава вечерва славеше голема победа над ланскиот шампион Форца со резултат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!