РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора, во кој беше поразена со 1:0.

Натпреварот беше решен во самиот финиш, во 86. минута, кога Лазар Радоњиќ успеа да ја затресе мрежата на македонската селекција и да и донесе победа на домашната репрезентација.

Првиот контролен натпревар меѓу овие две селекции, одигран на 10 март, заврши без победник (1:1), а стрелец на единствениот гол за Македонија беше Јован Јанчевски.

Двата пријателски натпревари се одиграа на терените на тренинг кампот на ФК Будуќност во Подгорица.

ЦРНА ГОРА: Никола Вујадиновиќ, Немања Нишавиќ, Јован Раковиќ (Симон Калезиќ 46), Александар Јовановиќ (Лазар Шчепановиќ 79), Балша Вукчевиќ (Ѓорѓие Перуничиќ 46 (Данило Милановиќ 87)), Матеја Томиќ, Милан Бојовиќ (Богдан Јокиќ 46), Матија Симоновиќ (Алекса Мирановиќ 87), Павле Царевиќ (Данило Вукчевиќ 46), Андреј Пејовиќ (Василие Драгојловиќ 61), Петар Вујовиќ (Лазар Радоњиќ 61).

СЕЛЕКТОР: Владан Савиќ

МАКЕДОНИЈА: Огнен Божиновски, Ејман Емини (Андреа Блажев 87), Дин Рожајац, Драган Петков (Стефан Стојановски 61), Давор Таневски, Амар Незири, Павел Димоски, Јоан Ѓорѓиевски (Адел Мустафи 46), Дијал Алију (Јован Јанечевскки 46), Гораст Ристовски (Хамза Зубери 87), Џетмир Асани.

СЕЛЕКТОР: Горан Станковски

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од генерацијата 2011, ќе учествува на Светското првенство во фудбал во форматот...

Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на шампионите, а пред нив е тешко гостување кај францускиот Нант. Домашниот...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!