Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20, 21:25, 25:21, 25:14) против ОК Струмица Жени во градското дерби со кое беше отворено претпоследното, 17. коло од регуларниот дел на сезоната во Првата лига во женска конкуренција.

Лидерот на табелата Наковски Волеј успеа да ја оправда фаворитската улога, но натпреварот не беше воопшто лесен, бидејќи одбојкарките на Струмица Жени пружија силен отпор и во текот на мечот се потрудија да го направат дуелот што поинтересен и неизвесен.

Првиот сет му припадна на Наковски Волеј со 25:20, но домашниот состав возврати во вториот сет и со 25:21 израмни на 1:1. Во продолжението фаворитот повторно ја презеде иницијативата, па со 25:21 во третиот и убедливи 25:14 во четвртиот сет стигна до победа од 3:1.

Со овој триумф Наковски Волеј продолжува со одличните резултати во шампионатот, додека останатите натпревари од 17. коло во Првата лига во женска конкуренција се играат во сабота.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!