Втора лигаПрва женска фудбалска лигаТрета лигаФудбал

Едноминутно молчење на сите натпревари во Трета лига – Исток, почит ќе оддадат и екипите од ОФС Кочани

Сподели
Сподели

Овој викенд во Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе се одиграат натпреварите од 13. коло.

Како што дознава Спортска Мрежа, сите натпревари од оваа рунда ќе започнат со едноминутно молчење, знак на почит кон починатите од големата трагедија која се случи на 16 март минатата година во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Дополнително, сите екипи кои се под капата на ОФС Кочани, без разлика во кој ранг се натпреваруваат, натпреварите овој викенд ќе ги започнат со едноминутно молчење како што се ГФК Осогово од Кочани, ФК Слога од Виница и ЖФК Каменица Саса од Македонска Каменица, ЖФК Кочани и ФК Каменица Саса, но и останатите екипи.

На 16 март (понеделник) ќе биде точно една година од големата трагедија, во која животот го загубија и неколку спортисти, меѓу нив беше и фудбалерот на ФК Шкупи, Андреј Лазаров, од кочанско Оризари.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица...

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!