Трета лигаФудбал

ФОТО: Д-р Бојан Митев избран за нов претседател на ФК Овче Поле од Свети Николе

Сподели
ФОТО: ФК Овче Поле
Сподели

Во просториите на Големата сала во Општина Свети Николе на 11 март 2026 година беше одржано Годишното собрание на ЗС ФК Овче Поле Свети Николе, на кое беше избрано новото раководство на клубот.

На Собранието за нов претседател на клубот беше предложен и едногласно изгласан д-р Бојан Митев од Свети Николе, познат како докажан спортски работник и долгогодишен поддржувач на спортот во градот.

Во рамки на Собранието беше потврдено и дека досегашниот секретар на клубот, Мартин Туфекчиев, ќе продолжи да ја извршува својата функција и во наредниот четиригодишен мандат.

Исто така, делегатите на Собранието изгласаа и нов состав на Управниот и Надзорниот одбор на клубот, со цел понатамошно стабилно функционирање и развој на ФК Овче Поле.

ФОТО: ФК Овче Поле

Од клубот упатија благодарност до досегашниот претседател за досегашната работа и придонес во водењето на клубот, како и за вложениот труд во развојот на фудбалот во Свети Николе.

Воедно, на новото раководство му беа упатени желби за успешно реализирање на поставените цели, како и за многу победи и убави спортски моменти за ФК Овче Поле и за спортската јавност во Свети Николе.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица...

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!