В сабота ќе се одигра дербито меѓу третопласираниот Охрид и четвртопласираниот Алкалоид во меч од 2. коло на плеј-офот на ракометната Супер лига.
Верните „рибари“ веќе најавуваат силна поддршка – полна сала и ветер во грб кон остварување на позитивен резултат против тимот од Автокоманда. Собирот на верните „Рибари“ е закажан за во 16 часот на „Плоштад Минимаркет“, од каде навивачите ќе се упатат кон салата.
„Билјанини Извори“ е „тврдина“ каде бодови тешко се освојуваат, а Алкалоид доаѓа по позитивен резултат.
Причина повеќе за да се исполни салата до последното седиште е тоа што дербито ќе има и хуманитарен карактер. Влезот за натпреварот ќе биде бесплатен, а на влезот во салата „Билјанини Извори“ ќе бидат поставени кутии за донации за младата Ева.
Ова ќе биде причина повеќе Охриѓани да ја покажат хуманоста на дело и да помогнат тогаш кога најмногу треба, а притоа и да се исполнат салата и дадат силна поддршка на својот миленик.
Мечот се игра в сабота со почеток од 18 часот.