Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Саса до убедливи победа, лидерот Скопје го доби Истатов, три бода за Вардар

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Екипата на Тиверија Брера ја забележа највисоката победа во рамки на 17. коло на Првата женска фудбалска лига, откако со 0:6 над „фенерџијата“ Кочани на гостински терен.

Повеќе од јасно беше дека ова ќе биде само рутинска победа за тимот на Славе Велков. Данче Карпузовска и Теона Галабовска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа новото засилување Никца Трендова и Билјана Панеска.

Лесна победа имаше и тимот на Каменица Саса, откако „рударите“ на домашен терен со 5:0 го декласираа тимот на Топ Гол од Битола. По два погодоци постигнаа Драгана Костова и капитенот Ана Димитровска, а еден гол постигна Јована Петрушовска.

Во дербито на Пржино подобра беше екипата на Скопје која со 0:3 славеше над Истатов. Рабија Дервиши постигна два гола, а пак еден гол беше дело на Емили Митковска.

Вардар го доби соочување со Речица откако на домашен терен девојките на Теодора Димитровска со 3:1 запишаа триумф со кој се сигурни на седмата позиција.

По само четири минути игра резултатот го отвори Ивана Милевска за водство на Вардар од 1:0 на полувреме. На стартот од вториот дел гостинскиот тим преку Анѓела Петковска израмни на 1:1.



Домашниот тим до крајот постигна уште два гола преку Јелена Радичевиќ во 71. минута и Љубица Асановиќ две минути подоцна за конечните 3:1.

Мечот во Струга меѓу Ас Јунајтед и шампионот Љуботен не се доигра, откако тетовскиот тим во 74. минута при 0:0 го напушти мечот, откако претходно на Љуботен му беа поништени два гола.

Ќе следува дополнителен извештај за тој меч, работа ќе има и натпреварувачката женска комисија, а потоа работа може да има и дисциплинската комисија. Повеќе за тој меч можете да прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Крстевски: Секој натпревар за нас до крајот на сезоната е како финале

„Секој натпревар за нас до крајот на сезоната е како финале“, изјави фудбалерот на Шкендија, Ване Крстевски, во пресрет на денешниот дуел против...

Прва лигаФудбал

Најдовски: Шкендија е квалитетна, но ние сме подготвени за победа

Во Кавадарци попладнево ќе се одигра дерби пресметка, каде што Тиквеш ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија. Овој натпревар го носи епитетот дерби...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Крстевски: Секој натпревар за нас до крајот на сезоната е како финале

„Секој натпревар за нас до крајот на сезоната е како финале“, изјави...

Прва лигаФудбал

Најдовски: Шкендија е квалитетна, но ние сме подготвени за победа

Во Кавадарци попладнево ќе се одигра дерби пресметка, каде што Тиквеш ќе...

Прва лигаФудбал

Брера размислува на победа на гостувањето кај Силекс во Кратово

АП Брера влегува во овој натпревар со само една победа во последните...

Прва лигаФудбал

Џеков: За нас мечот со Брера е како сите останати, одиме да ги освоиме бодовите

Три победи по ред трае серијата на Силекс во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!