Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Штип УГД со 1-3 во сетови вечерва славеше над актуелниот шампион Струмица, во рамки на 7. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига.
Уште една голема победа за штипјани, шампионот е на колена, а тимот на Кристиан Ристески ја продолжува победничката форма и како што најави по одличното европско деби сакаат двојна круна.
Резултатите се потврда на амбициите на Штип УГД, вечерва Штип УГД дојде до убедлива победа на патот кон титулата. Во првиот сет штипјани беа подобри од струмичани со 12:25 во првиот сет и 13:25 во вториот сет.
Во третиот сет струмичани собраа сили и сетот го добија со 25:21, но пак затоа во четвртиот сет Штип УГД со 9:25 го освои сетот за конечни 1-3 во сетови.
Во однос на останатите мечеви, тимот на ГОК Борец со 3-1 во сетови го доби тимот на Сушево (25:13 23:25 25:17 25:21), а со ист резултат 3-1 во сетови славеше и Работнички над Универзитет во Тетово (25:13 25:21 19:25 25:15).
Во плеј-аутот, интересно како и во плеј-офот, сите три натпревари се решаваа во четири сета, две домашни и една гостинска победа.
Весна Пробиштип на домашен терен славеше над Јанта Волеј со 3-1 во сетови (22:25 25:14 25:11 25:23), а домашна победа имаше и за екипата на Шкендија над Лирија, исто така од 3-1 во сетови (25:19 25:27 25:13 25:15), пак гостинска победа од 1-3 во сетови имаше тимот на Скопје над Македонија Џио (25:22 18:25 19:25 16:25).