Втора лигаФудбал

Беласица го освои Радовиш, голема победа за Брегалница, Охрид броеше до десет!

Сподели
Сподели

Продолжува да се „разгорува“ битката за влез во Прва лига, а 19. коло во Втора лига донесе многу погодоци на сите натпревари, во долниот дел многу работи се јасни.

Само еден гол го реши дербито на Истокот во Радовиш каде Беласица славеше со голот на Живко Крстев минимални 0:1 над Детонит Плачковица.

Многу шанси кои не ги реализираа и едни и другите, радовишани можат да жалат за овој пораз, а пак екипата на Беласица да жали за пропуштена повисока победа.

Овие три бодови носат прогрес за Беласица на самата табела, а пак радовишани сега се седми на табелата.

ФОТО: Спортска Мрежа | Детонит Плачковица – Беласица

Брегалница стигна до важна победа и тоа на гостински терен против Новаци со што запрена е победничката форма на Новаци откако загуби со 1:3 од „сините“.

Тимот од Штип имаше предност од 0:2 на полувреме преку головите на Никола Талески и Даниел Карчески. Во финишот на мечот Дамјан Масевски погоди за 0:3, а во судиското надополнување Петар Љамчевски погоди за конечни 1:3.

Со голот на Бурим Алиев екипата на Каменица Саса стигна до победа над Вардар Неготино (1:0) и со тоа веќе „рударите“ се сигурни во бараж зоната, тимот од Неготино е спремен за испаѓање во Трета лига – Југ.

Тетекс славеше сигурна победа од 0:3 над Слога во Виница и со тоа „штофарите“ веќе го имаат во раце баражот за опстанок. Давид Ристов си постигна автогол и гостинот од Тетово дојде до предност од 0:1 во 36. минута, а пота Азис Јамини погоди за 0:2.



Во вториот дел Меритон Салији погоди за конечни 0:3 и голема победа на Тетекс.

Скопје слави победа од 2:0 над Осогово и важни три бодови во трката за директен влез во Прва лига, благодарение на погодоците на Симеон Христов и Тео Мировски.

ФОТО: Спортска Мрежа | Детонит Плачковица – Беласица

Лидерот Охрид ја декласираше Победа со убедливи 10:0 на стадионот „Билјанини Извори“. Давид Матески постигна четири погодоци, а по два гола постигнаа Абдулхади Јахја, Наумче Бакрачески и Игор Јаневски.



Кожуф преку пресврт славеше над Преспа во Ресен со 1:3 со што тимот од Гевгелија ги држи надежите за директен опстанок, а екипата на Преспа е чекор назад во трката за опстанок преку бараж.

Искусниот Нико Пластиновски го отвори резултатот во 25. минута за водство од 1:0 на Преспа, а потоа Петар Гугуљанов во 31. минута погоди за 1:1. Пред крајот на првиот дел Томица Петров погоди за 1:2, а во судиското надополнување Давид Ивановски постигна гол за 1:3.

Во вториот дел мрежите мируваа, а Кожуф стигна до клучни три бода.

Колото се затвара утре со мечот меѓу Големо Коњари и Шкендија Арачиново.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!