Прва лигаФудбал

Шкупи е идеална шанса за Струга Трим Лум да дојде до првата пролетна победа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум нема победа од стартот на пролетта, но се чини дека денеска ќе ја има идеалната шанса за тоа. На крајбрежјето гостува Шкупи, последнопласираниот тим на табелата кој бележи само порази и во вториот дел од првенството и има само еден освоен бод во шампионатот.

„Секако дека сме подготвени за првата победа во пролетниот дел од сезоната“, порачува Бојан Илиевски во пресрет на првенствениот дуел против Шкупи.

„Се наоѓаме во мала криза и мислам дека натпреварот против Шкупи доаѓа во вистински момент за да излеземе од неа, да се вратиме на победите и да покажеме дека резултатите што ги постигнавме есеноска не беа случајни“, изјави Илиевски.

Без разлика на сѐ, стружани нема да го потценат Шкупи.

„Ние не потценуваме ниту еден тим, па така и денешниот противник. Можам да кажам дека против секоја екипа се подготвуваме на ист начин, без разлика дали играме против првопласираната или последнопласираната екипа“, заврши Бојан Илиевски.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи е закажан за 13 часот на Градскиот стадион во Струга и го отвора 22.коло од Првата фудбалска лига.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!