Кошарка

Дерби во „Јане Сандански“: МЗТ Скопје го пречекува Пелистер во 17. коло од Супер лигата

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

По двонеделната пауза поради обврските на сениорската репрезентација во претквалификациите за Евробаскет 2029, викендов продолжуваат натпреварите во „МТЕЛ“ Супер лигата со одигрувањето на 17. коло.

Најголемо внимание привлекува дерби пресметката меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, која ќе се игра во сабота од 19:00 часот во салата „Јане Сандански“. Двата тима се меѓу најквалитетните во шампионатот и се наоѓаат во самиот врв на табелата, а во овој натпревар влегуваат во добра форма и со серија позитивни резултати.

Домашниот тим ќе биде ослабен за настапот на Војдан Стојановски, кој заработи повреда додека настапуваше за репрезентацијата. Дополнителна симболика на мечот е тоа што МЗТ Скопје ќе одбележи значаен јубилеј – 60 години од постоењето на клубот.

Лидерот на табелата, ТФТ, викендов го очекува натпревар против последнопласираниот тим Ангели. Средбата е закажана за сабота од 14:00 часот во салата „Независна Македонија“. Тимот од Тафталиџе доаѓа по настап во АБА 2 лигата, каде и покрај поразот на гостувањето кај Јахорина Пале во Сараево, успеа да обезбеди пласман во следната фаза од регионалното натпреварување.

Интересен дуел се очекува и во салата „Наум Наумовски-Борче“, каде од 19:00 часот ќе се сретнат Феникс 2010 и Тиквеш Голден Игл. Двата тима имаат идентичен учинок од шест победи и десет порази, па победата може да биде значаен чекор во борбата за опстанок.



Во саботната програма е и натпреварот меѓу Чаир 2030 и Работнички, кој ќе се игра од 20:30 часот во салата „Шабан Трстена“. Чаирчани имаат една победа повеќе од својот ривал и ќе се обидат да ја зацврстат позицијата во средината на табелата, додека „црвено-белите“ се во долниот дел од поредокот и секој бод за нив има голема важност.

Колото ќе биде комплетирано в недела со два натпревари. Во Скопје, во салата „Наум Наумовски-Борче“ од 18:00 часот Маџари ќе го пречека тимот на Кожув, додека во истиот термин во Куманово силите ќе ги одмерат МКК Куманово и Гостивар.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го „урна“ шампионот Баскет Кам, Крива Паланка изби на врвот!

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе...

Кошарка

Кожув го урна шампионот, Феникс славеше во Чаир, Гостивар сигурен против Маџари

Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди...

Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!