Утре со мечот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи ќе биде отворено 22. коло во Првата македонска фудбалска лига. Стружани на овој меч се апсолутни фаворит за трите бодови, а со тоа бодовите треба да останат во градот покрај Охридското Езеро.
Правда на мечот кој ќе започне во 13 часот ќе ја дели Кирил Смоквоски, а ќе му помагаат Владимир Митревски и Јовче Кокевски, а четврт судија ќе биде Влатко Илиоски.
ВАР судија ќе биде Никола Костенчев, а пак АВАР судија ќе биде Гоце Петрески, оператор за повторување на снимка е Петар Стојановски.
Делегат на мечот кој се игра во градот на поезијата ќе биде Сафет Мифтари, а пак контролор ќе биде Зоранчо Илиевски.