ФудбалФутсал

Во Брвеница паднаа 16 гола: Балкан со голема победа над Партизан Југ!

Сподели
Сподели

Вечерва се комплетираше 5. коло од Втората футсал лига на Македонија со натпреварот во Брвеница каде беа постигнати фантастични 16 погодоци, за триумф на тимот на Балкан од 7:9 над Партизан Југ.

Натпревар кој понуди многу погодоци, неизвесност, возбуда и голема борба в сала за трите бодови. Во првиот дел паднаа неверијатни десет гола што беше најава за натпревар со многу погодоци и неизвесност.

За домашниот тим двоен стрелец беше Ѓорѓевски, а по еден гол постигнаа Јовановски, Златески, Симњановски, Веселиновски и Спироски.

За гостинскиот тим Енис Реџеп и Ибрахим Алији постигнаа по три погодоци што практично значеше дека го водеа Балкан до големата победа, двоен стрелец беше Пајтим Реџепи, е еден гол постигна Иса Зекири.

Во однос на останатите натпревари за кои информиарше Спортска Мрежа можете да ги прочитате овде, првиот извештај и вториот извештај.

        • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ФУТСАЛ ЛИГА:

      Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
      1 КМФ МАЛ АЈАКС 5 5 0 0 25 14 +11 15
      2 КМФ Кораби 5 4 0 1 44 23 +21 12
      3 ФК Балкан 2017/КМФ 5 4 0 1 41 27 +14 12
      4 КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 5 3 0 2 22 13 +9 9
      5 ФК Партизан Југ Брвеница/КМФ 4 2 0 2 24 19 +5 6
      6 КМФ СЕЕ-УНИВЕРСИТИ 5 2 0 3 29 25 +4 6
      7 КМФ ССК 1965 Скопје 5 2 0 3 27 23 +4 6
      8 КМФ ПОБЕДА Прилеп 5 2 0 3 42 39 +3 6
      9 КМФ КАРШИАКА 1996 4 2 0 2 18 16 +2 6
      10 КМФ ЕНХАЛОН 2020 4 2 0 2 12 19 -7 6
      11 КМФ КРАТОВО 4 1 0 3 27 30 -3 3
      12 КМФ КОНЗУЛИ Битола 4 1 0 3 10 17 -7 3
      13 КМФ КАРАДАКУ 5 0 0 5 20 76 -56 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!