ФудбалФутсал

Црна Река даде отпор, но Форца победнички помина низ Кавадарци, висок триумф за Осогово!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

„Фенерџијата“ Црна Река се обиде да направи изненадување против фаворитот и лидер Форца, но шампионот победнички помина низ Кавадарци, откако славеше со 6:10 во салата „Јасмин“.

Петар Ристовски постигна четири погодоци за домашниот тим, а пак Александар Коцев и Никола Димов постигнаа по еден гол со што Црна Река пружи силен отпор за први бодови.

За шампионот Даниел Марињо Де Соуза постигна хет-трик, два гола постигна Таулат Исмаили, а по еден гол во Кавадарци за Форца постигнаа Јасир Зекири, Зоран Левески, Куштрим Даути, Берат Рамадани и Кристиан Алберто Беррио Хојос.

Осогово запиша победа на гостувањето кај тимот на Бутел со резултат од 2:6, со што трите бодови заминуваат во Крива Паланка.

Давид Маџунковски беше двоен стрелец за домашниот тим, додека пак за тимот од Крива Паланка двојни стрелци беа Давид Ристовски и Мартин Тодоровски, додека пак по еден гол постигнаа Кристијан Станојковски и Виктор Димков.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА:

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ФОРЦА 2015 5 5 0 0 51 14 +37 15
2 КМФ ПРОЕКТ 5 4 1 0 21 10 +11 13
3 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 5 4 0 1 21 7 +14 12
4 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 5 3 1 1 29 20 +9 10
5 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 5 3 0 2 16 24 -8 9
6 КМФ КЛИМИ Кавадарци 5 1 2 2 21 20 +1 5
7 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА 5 1 1 3 14 21 -7 4
8 КМФ БУТЕЛ 2022 5 0 2 3 7 19 -12 2
9 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 5 0 1 4 11 39 -28 1
10 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 5 0 0 5 13 30 -17 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!