Останато

Познати се екипите на Ф4 во Купот на ОФМ

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Пласман на завршниот турнир од Купот на ОФМ за 2026 година обезбедија истите четири екипи кои и минатата сезона се бореа за трофејот во ова натпреварување – бранителот на титулата Штип УГД, финалистот Струмица 47&72, како и екипите на Борец и Работнички 71&22.

Двократниот освојувач на Купот, Штип УГД, до билетот за Фајнал-фор стигна со убедлива победа над Лирија од 3:0 (25:13, 25:10, 25:9) во четвртфиналниот натпревар одигран пред домашната публика во Штип.

Работнички 71&22 беше последната екипа што го потврди пласманот на завршниот турнир, откако во четвртфиналето славеше против Универзитет во Тетово со 3:0 (25:21, 25:22, 25:23).

Ден претходно своето место на Ф4 го обезбедија и екипите на Струмица 47&72 и Борец. Струмичани триумфираа над Шкендија со 3:0 (25:20, 25:21, 25:14), додека Борец исто така со максимални 3:0 (25:16, 25:14, 25:19) беше подобар од Сушево.

Фаворитите ја оправдаа својата улога во четвртфиналните пресметки, а имаа и поволна позиција во полудиригираниот ждреб пред овие натпревари.

Полуфиналните двојки ќе бидат познати по ждрепката која најверојатно ќе се одржи следната недела, додека финалниот турнир е планиран за крајот на март.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!