Ракомет

Познати арените за Купот: Три града- домаќини на групната фаза

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонската ракометна сцена викендов ќе биде во знакот на Купот на Македонија во машка конкуренција. Групната фаза ќе се игра во три града, а веќе се дефинирани и салите во кои ќе се водат битките за место на завршниот турнир.

Во Скопје ќе се играат дури две групи. Во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржат натпреварите од групата А, каде се среќаваат Бутел Скопје – Вардар и Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2.

Паралелно, во салата „Автокоманда“ ќе се игра групата Б со дуелите Пролет – Македонија Ѓорче Петров и Радовиш – Алкалоид.

Во групата В, која ќе се игра во Охрид, во СРЦ „Билјанини извори“, ќе се соочат Тиквеш и Охрид, додека вториот пар го сочинуваат Куманово и Младост Богданци. Победниците од овие два натпревари ќе се борат за првото место во групата и пласман меѓу најдобрите четири.

Битола ќе биде центарот на случувањата во групата Г. Во салата „Боро Чурлевски“ силите ќе ги одмерат Прилеп и Драчево Јуниор, како и Струга против Еурофарм Пелистер.

Фаворитската улога ја имаат токму екипите што ќе настапат на домашен терен. Со оглед на амбициите и квалитетот, нивниот евентуален неуспех да стигнат до Ф4 би претставувал вистинско изненадување. Сепак, Купот традиционално знае да донесе неизвесност и драматични пресврти, што дополнително го крева влогот пред викенд-пресметките.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!