Втора лигаФудбал

По поразот од Скопје, Шкендија Арачиново се раздели со тренерот Љупчо Марковски – Калц

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново во продолжението од сезоната ќе влезе со нов тренер, откако клубот се раздели со Љупчо Марковски – Калц.

Одлуката за прекин на соработката доаѓа по последните резултати, особено по домашниот пораз од Скопје, кој беше директен ривал во трката за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Според информациите, разделбата меѓу двете страни е договорена спогодбено.

Марковски седна на клупата на тимот од Арачиново на почетокот на оваа сезона и успеа да оствари значаен резултат со пласман во полуфиналето на Купот на Македонија, што претставува историски успех за клубот. Покрај тоа, Шкендија Арачиново останува сериозен кандидат и за прволигашка промоција.

По одиграни 18 натпревари во Втората лига, Шкендија Арачиново се наоѓа на втората позиција со 39 бодови, еден помалку од лидерот Охрид, додека Скопје е трет со бод помалку.

До крајот на сезоната тимот го очекува жестока борба за врвот и местата кои водат во елитата.

Во следното коло Шкендија Арачиново ќе гостува кај последнопласираната екипа на Големо Коњари, а во меѓувреме клубот ќе треба да пронајде решение за тренерската позиција пред завршницата на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!