Прва женска фудбалска лигаФудбал

Аврам Грант ги посети и младите фудбалерки на ЖФК Тиверија Брера

Сподели
Сподели

Поранешниот селектор на Израел и тренерот со кој Челзи во 2008 година играше финале во Лигата на шампионите, Аврам Грант денес ги посети девојките на ЖФК Тиверија Брера во Струмица.

Израелскиот стратег е во посета на Струмица, вчера го следеше мечот меѓу Брера и Струга Трим Лум, меч од 21. коло на Прва лига, а денес беше во посета на женскиот фудбалски клуб Брера Струмица.

„Звучното тренерско име и некогашен тренер на Челзи АВРАМ ГРАНТ беше на дводневна посета на нашиот клуб. Покрај следење на натпревари од ПМФЛ и Прва Супер лига, денес Аврам Грант ги посети нашите најмлади фудбалерки родени 2017-2019 давајќи им поддршка и мотив да продолжат да се движат по патот на фудбалот. За нашиот клуб оваа посета е навистина важна бидејќи станува збор за тренер од Светски рамки а пред се многу добар човек“, велат од ЖФК Тиверија Брера.

Легендарниот израелски стручњак доби и дрес од ЖФК Тиверија Брера, кој му го врачи директорката на клубот, Александра Терзиски, која е поранешна професионална фудбалерка и репрезентативец на Македонија.



Инаку, Аврам Грант е советник во Јуве Стабија, клуб кој ги има истите сопственици со струмичкиот прволигаш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!