Втора лигаФудбал

ФК Тетекс со нов силен спонзор: Следува период во кој заеднички ќе ја градиме приказната што ќе се памети

Сподели
Сподели

ФК Тетекс доби значајна поддршка во клучен момент од сезоната. Тетовскиот второлигаш официјално објави дека управата на клубот постигнала договор за спонзорство со компанијата Супертрејд ДООЕЛ, официјален застапник на светски познатиот бренд Gulf.

Клубот преку соопштение информираше околу постигнатиот договор за спонзорство.

„На наше големо задоволство и со гордост може да ја известуваме јавноста дека управата на ФК Тетекс постигна договор за спонзорство со управата на Супертрејд ДООЕЛ, официјалните застапници за еден од најпрепознатливите светски брендови во енергетскиот сектор, Gulf! Ова партнерство претставува силен чекор напред за нашиот клуб и јасен сигнал дека Тетекс продолжува да расте, да се развива и да гради стабилна иднина. Поддршката од бренд со глобална традиција и реноме како Gulf значи нова енергија, нов импулс и уште поголема мотивација за сите во сино-белиот табор. Тетекс не застанува. Тетекс се издигнува. Со ова спонзорство, отвораме ново поглавје на амбиција, професионалност и победнички дух! Следува период во кој заеднички ќе ја градиме приказната што ќе се памети.“

По 18. коло во Втората лига екипата на Тетекс е на делба на десеттото место со Каменица Саса со по 21 бод во бараж зоната. Ваквите заложби на клубот од Тетово и потврдената соработка со нов сериозен спонзор потврдува дека Тетекс веќе за следната сезона ќе размислува за посериозен пласман и можност „штофарите“ да се вратат во Прва лига.

Веќе в сабота Тетекс ќе гостува во Виница кај отпишаната Слога.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!