Прва лигаФудбал

ФОТО: Аврам Грант во Струмица – специјален гостин на Брера на покана од Балдовалиев

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

На иницијатива и лична покана од Зоран Балдовалиев, специјален гостин на Брера Струмица е легендарниот израелски стратег Аврам Грант – поранешен селектор на Израел и поранешен тренер на Челзи, со кој во 2008 година играше финале во Лига на шампиони.

Од клубот информираат дека оваа посета е резултат на визијата, контактите и амбицијата што Балдовалиев ги вложува во развојот на Брера на сите нивоа. Да се донесе светско фудбалско име од ваков калибар во Струмица претставува значаен чекор за клубот и јасен сигнал за неговите идни цели.

Грант денес од ложата го проследи натпреварот против Струга Трим Лум, заедно со Сашко Пандев и Зоран Балдовалиев. Неговото присуство беше дополнителен мотив за фудбалерите да го дадат максимумот на теренот, но и вистинска чест за струмичката публика.

ФОТО: ФК Брера Струмица

Интересно е што Балдовалиев во својата играчка кариера никогаш директно не соработувал со Грант, но благодарение на широката мрежа на контакти што ја има изградено низ Европа и светот, успеа да обезбеди ваква посета за клубот.

ФОТО: ФК Брера Струмица

Од Брера порачуваат дека ваквите моменти се потврда дека клубот чекори во вистинска насока. Кога зад еден проект стојат јасна визија, работа и амбиција – границите навистина не постојат.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!