Македонската женска репрезентација до 17 години оствари сигурна победа од 2:0 против селекцијата на Луксембург, во рамки на квалификацискиот турнир за Европското првенство – Б лига, кој се одржува во Струмица.
Избраничките на селекторката Катерина Милеска рано ја презедоа контролата врз натпреварот. Лана Спасовска во 17. минута донесе водство од 1:0, а само девет минути подоцна Лаила Балла ја зголеми предноста и ги постави конечните 2:0.
Ова е втора победа за нашата селекција на турнирот, откако на отворањето беше совладана и репрезентацијата на Грузија. Во третото коло, Македонија ќе се соочи со Северна Ирска на 6 март од 13:00 часот, повторно во Струмица.
По две одиграни кола, Македонија и Северна Ирска имаат максимални шест бодови, додека Грузија и Луксембург се без освоен поен.
Состав на Македонија до 17 години:
Е. Вељановска, Б. Алиеска, Е. Наневска (59’ Мацевска), Л. Мицовска, Б. Фида, Е. Наумовска (85’ Речи), А. Цветковска, Е. Ивковиќ (74’ Ивковиќ), Л. Спасовска (59’ Лазеска), Л. Балла (74’ Каранфиловска), Р. Пецева.
Селектор: Катерина Милеска.