Втора лигаФудбал

Охрид “киксна” во Кочани, Скопје ја доби пресметката со Шкендија Арачиново, Брегалница до бод во Тетово

Сподели
Сподели

Лидерот Охрид минимално загуби на гостувањето во Кочани од Осогово со минимални 1:0, за големо славје на “сејмени”, во рамки на денешното вонредно 18. коло на Втора лига.

Човек на одлука во Кочани беше искусниот Стојанчо Велинов кој погоди во 40. минута.

И покрај поразот на “рибарите” од “жетварите” и натаму се на врвот благодарение на поразот на Шкендија Арачиново во дерби пресметката со Скопје.

“Пиратите” од Автокоманда беа подобри со 1:2 и се залепија на три бода од лидерот Охрид.

Александар Ѓурковски и Виктор Ангелов погодија за Скопје за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Фикрет Љиварека погоди за конечни 1:2.

Ваквите резултати не ги искористи Брегалница, која одигра 0:0 против Тетекст во Тетово, па од оваа коло најмногу доби Скопје.

Детонит Плачковица со двата гола на Смилков Александар, како и головите на Бабунски и Мичковски со 0:4 славеше над Слога во Виница.

Новаци со 1:2 го дови Вардар Неготино во гости. Резултатот беше отворен со автоголот на Перчинков за водство на Новаци од 0:1 на полувреме.

Во вториот дел Марцевски зголеми на 0:2, а Нејковски го ублажи поразот на конечни 1:2.

Каменица Саса остана без три бода, Кожуф се спаси од пораз – 2:2 беше во Гевгелија.

Танчев во 45. минута погоди за 0:1, а во 45+4. минута погоди Гугуљанов за 1:1 на пауза.

Во вториот дел “рударите” преку Николов одново поведоа со 1:2 во 78. минута, а десет минути подоцна Варошаноски израмни на конечни 2:2.

Конечно радост за Преспа која со 1:5 очекувано славеше врз Победа. Александар Поповски Александар, Неџми и Јасин Казимоски беа стрелци на по еден гол за Преспа, а Елмаз Емуш Елмаз погоди двапати. За прилепчани единствен стрелец беше Бојан Смилески.

Колото се затвара утре во Струмица со мечот меѓу Беласица и Големо Коњари.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!