Поранешниот второлигаш Росоман промовираше неколку нови засилувања за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Југ.
Најголемо внимание привлекува Роналдо Фазлиов, кој пристигна од редовите на Дреново. Се работи за 23-годишен фудбалер кој е повратник во редовите на Росоман. Во минатото има настапувано и за Марена, Локомотива од Градско и за екипата на Габер.
Ново име во тимот на Росоман е Даниел Буровски, кој доаѓа од второлигашот Вардар Неготино, а 24-годишникот има настапувано и за Њу Старс, Еуромилк ГЛ, младинските категории на Работнички и Јанг Бојс од Неготино од каде и ја започнува кариерата.

Ернес Амедоски во Росоман доаѓа од третолигашот Дреново, тој има 18-годишни, а има настапувано и за екипата на Марена, Габер и младинските категории на Тиквеш.
Давид Накиќ е 18-годишен фудбалер кој е повратник во Росоман, а доаѓа од младинските категории на Пелистер. Беше дел и од младинските погони на Тиквеш од каде и ја започна кариерата.