Македонија ЃП со променлива форма дојде до 19 бодови, а денес со три бодови во дуелот против Арсими во гости, „лавовите“ би можеле да избијат на деветтото место, а притоа и сериозно да ги напаѓаат местата за директен опстанок.
Фудбалерот на Македонија ЃП, Адем Али вели дека тие се мотивирани за денешниот меч а се освојат бодови.
„Денеска е денот кога Македонија ЃП стартува позитивна серија. И кога на овој тим ќе му тргне што се вели. Мотивирани сме на максимум, денеска мора да се освојат бодови. Немаме повеќе кредит што се вели, мечевите против Арсими, а потоа и против Башкими и Работнички за нас мора да бидат позитивни. Одиме чекор по чекор, но ќе повторам. Денешниот меч за нас е многу важен“ – вели универзалецот на Македонија ЃП, Адем Али.
Натпреварот меѓу Арсими и Македонија ЃП се игра денес со почеток од 14 часот во Гостивар.