Првото пролетно коло во Трета македонска фудбалска лига – Север е официјално одложено. Наместо како што беше првично планирано да стартува на 1 март, пролетниот дел од сезоната ќе започне на 8 март.
Одлуката доаѓа откако дел од клубовите поднеле барање до раководството на лигата за одложување на стартот. Како што наведуваат, причината е рамазанскиот пост, при што во барањето било истакнато дека тоа ќе влијае врз нивната физичка подготвеност.
Раководството на лигата го прифатило барањето, со што на клубовите им се излегува во пресрет во овој период. Така, наместо оваа недела, љубителите на фудбалот во северниот регион ќе го дочекаат стартот на пролетната полусезона следниот викенд, на 8 март.