На денешната седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа изречени казни за исклучените фудбалери, тренери и членови на стручни штабови од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
-
ФК Башкими: Реџеп Мурати доби забрана за настап на четири натпревари по црвениот картон на дуелот против Вардар. Тренерите Имери Флурим и Љатифи Сазан добија забрана за вршење на функција од еден месец по добиени црвени картони на истиот натпревар.
-
ФК Работнички: Муарем Муарем и тренерот на голманите Матеј Миленков добија забрана за вршење на функција од еден месец по исклучувањето на средбата против АП Брера. Фудбалерот Никола Пејовиќ нема право на настап на еден натпревар по црвениот картон на четвртфиналето од Купот на Македонија против Шкендија Арачиново.
-
ФК Слога 1934 Виница: Лазе Гичев доби забрана за настап на два натпревари по црвениот картон на мечот против ФК Скопје.
-
ФК Охрид Лихнидос: Ромео Кочоски доби забрана за вршење на функција од еден месец, а Давид Матески нема право на настап на еден натпревар, по исклучувањата на четвртфиналниот дуел против ФК Вардар.
-
ФК Беласица: Горан Томоски доби забрана за настап на еден натпревар по исклучувањето на дуелот од 16. коло против ФК Охрид Лихнидос.