Втора лигаФудбал

Популарната „Лихнида кајче веслаше“ ќе одекне од грлото на Ѓоко Танески пред дербито меѓу Охрид и Шкендија Арачиново

Сподели
Сподели

Неверојатна атмосфера се подготвува во Охрид за дербито од 17. коло во Втора македонска фудбалска лига. Лидерот Охрид на домашен терен го пречекува второпласираниот тим Шкендија Арачиново во директна пресметка за првото место и чекор поблиску до елитата.

Натпреварот започнува во 14 часот на стадионот „Билјанини Извори“, а се очекуваат полни трибини. Навивачката група „Рибари“ најавува масовна поддршка и вистинска фудбалска еуфорија. Влезницата чини 300 денари, додека за жителите на Охрид со приложена лична карта влезот ќе биде бесплатен.

Дополнителен шмек ќе даде и настапот на Ѓоко Танески, кој во живо ќе ја изведе „Лихнида кајче веслаче“ – химната на охридскиот спорт. Сѐ е подготвено за дерби кое може многу да реши во битката за влез во елитата. Од клубот информираат сите да бидат присутни на стадионот најдоцна до 13:30 часот.

Влогот е огромен – само првопласираниот обезбедува директен пласман во Првата македонска фудбалска лига, додека вториот и третиот ќе мора да играат бараж. Охрид во моментов има 39 бодови и со победа би се одлепил на 42 и би направил значаен исчекор кон директен пласман. Со реми ќе ја задржи предноста од еден бод, а евентуален пораз ќе значи промена на врвот и нов лидер од Арачиново.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!