Истатов игра во извонредна форма во Првата женска фудбалска лига. Составот предводен од искусниот стратег Кирил Изов врза пет победи во последните пет натпревари и се искачи на третото место со 32 бодови, осум помалку од второпласираниот и актуелен шампион Љуботен.
Пролетниот дел го отворија сигурно, со триумф од 3:0 против Кочани на стадионот во Пржино. Потоа, во 16. коло, следуваше уште поубедлив настап – победа од 3:6 на гостувањето кај Топ Гол во Битола.
Истатов ја продолжува стратегијата за развој без притисок, со акцент на млади и домашни фудбалерки, а резултатите се веќе видливи. По репрезентативната пауза ги очекува дерби-пресметка против лидерот Скопје, кој има 45 бодови. Дуелот ќе се игра во Пржино и се очекува да биде вистински тест за амбициите на двете екипи.
Клубот продолжува да создава и фудбалерки за интернационална сцена. Последен пример е трансферот на Катерина Петкова во српскиот гигант Спартак Суботица. Во нејзина чест, Истатов го повлече дресот со број 4, кој засекогаш ќе остане симбол на нејзиниот придонес во клубот.