Трета лигаФудбал

Влазерими запиша убедлива победа, Тетекс слави минималец, Ренова со висока победа!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс | АРХИВА
Сподели

Десеттото коло донесе убедлива победа за ланскиот шампион Влазерими кој со 0:3 славеше над Речица во гости. Тимот кој две години по ред не ги поминува баражите за Втора лига, преку Сутки Муслија дојде до водство од 0:1 на полувреме,а во вториот дел Албулен Имери и Мурат Адили погодија за конечни 0:3.

Екс прволигашот Напредок на домашен терен беше поразен од Џепчишти, откако ланскиот вицешампион славеше со 0:2. Зубери постигна гол во 37. минута за 0:1, а пак Синани ги реши сите дилиме во судиското надополнување на мечот односно 95. минута.

Тетекс се намачи против Љуботен во дербито каде Мертион Салији во 61. минута беше херој на „штофарите“ кои лани испаднаа од Втора лига.

Некогашниот прволигаш Ренова со 4:2 славеше над Зајази, во меч каде Ермал Саити постигна три брзи гола за „гипсарите“, а пак претходно гол даде Генџ Јакупи. Практично „гипсарите“ преку пресврт дојда до победа, откако Таироски и Хашими постигнаа погодоци за водство на Зајази од 0:2.

Главен судија Бардхиљ Ибраими, прв помошник Орхан Сабрии, втор помошник Цветанка Савеска, контролор Музафер Исмаили

Камјани преку пресврт загуби од Велазерими од Слатино со 2:3 на домашен терне. Јусуфи даде гол во 6. минута за 1:0, а пото Вељии, Мемеди и Елмази погодија за 1:3. Во вториот дел Јусифи со втор гол ги постави конечните 2:3.

Вардар Брвеница на домашен терен ја совлада Дрита од Боговиње со 2:1 во меч каде сите погодоци паднаа во првиот дел. Синиша Јованоски погоди за 1:0, а потоа Хузри Џемаили за 1:1. Во 25. минута Бојан Михајловски ги постави конечните 2:1, откако во вториот дел немаше погодоци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!