ФудбалФутсал

Клими го декласираше Железарец, Проект го совлада Шкупи во мега-дербито во Гевгелија!

Сподели
Сподели

Денес се одиграа уште два натпреварите од 5. коло на Првата футсал лига каде висока и убедлива победа беше забележана во Кавадарци, откако Клими со превисоки 9:3 го декласираше тимот на Железарец.

Гостинот преку Брњарчевски дојде до 0:1, а потоа домашниот тим преку Никовиќ и Благојевски направи пресврт со 2:1. Кајсторовски постигна гол за 2:2, а потоа Железарец се распадна откако Саздовски, Грујовски и Чоков погодија за 5:2 на полувреме.

На стартот од вторито дел Кајсторовски со втор гол намали на 5:3, а потоа Левков, Спасовски и двата погодоци на Аризанов беа потврда за високата победа од 9:3.

Шкупи го запиша првиот сезонски пораз откако загуби во Гевгелија од Проект со 3:1 во дербито на двата лути ривали.

Андреј Јаневски постигна гол за 1:0 на полувреме и второ неизвесно полувреме. Артан Јунузи во 34. минута погоди за 1:1, а потоа Марио Благојевски и Петре Даиловски ги поставија конечните 3:1 за голема победа на Проект.

Правдата на мег дербито ја делеа Марјан Младеновски, Дејан Младеновски и Филип Ицкоски.

Колото ќе се комплетира утре со мечот меѓу Бутел и Осогово, како и дуелот меѓу последнопласираната Црна Река и лидерот Форца во Кавадарци.

 

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ПРВА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ПРОЕКТ 5 4 1 0 21 10 +11 13
2 КМФ ФОРЦА 2015 4 4 0 0 41 8 +33 12
3 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 5 4 0 1 21 7 +14 12
4 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 5 3 0 2 16 24 -8 9
5 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 4 2 1 1 23 18 +5 7
6 КМФ КЛИМИ Кавадарци 5 1 2 2 21 20 +1 5
7 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА 5 1 1 3 14 21 -7 4
8 КМФ БУТЕЛ 2022 4 0 2 2 5 13 -8 2
9 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 5 0 1 4 11 39 -28 1
10 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 4 0 0 4 7 20 -13 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!