МагазинРакомет

На полувреме со… Томче Трајчевски – пикерот на РК Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Забавна рубрика „На полувреме со…“ на Спортска Мрежа има за цел да ги запознава спортистите на еден поинаков начин односно преку повеќе забавни прашања.

Овој пат на „полувреме“ дојде Томче Трајчевски, ракометар на Радовиш, со кого зборуваме за многу теми… Томче низ неговата кариера настапуваше за повеќе клубови, во моментот го носи дресот на Радовиш, а претходно беше дел од Преспа, Металург Јуниор подоцна Јуниор Кисела Вода и Прилеп.

Одиме со кратки и забавни прашања и интересни одговори.

Ако Томче не беше ракометар што ќе беше?

Војник сакав да сум ко дете.

Омилен ракометар од детство и зошто тој?

Julen Aginagalde, бидејќи ми се допаѓаше начинот на игра и неговата борбеност.

Во својата кариера имаш настапувано за повеќе екипи, каде се чувствуваше како дома?

Во Радовиш.

Кој е твојот најдраг натпревар што си го одиграл во кариерата и зошто токму тој?

Натпреварот против РК Вардар со екипата на Јуниор КВ на свои 18 години, бидејќи истиот тој тим неколку недели подоцна стана европски првак.

Пред која гостинска навивачка група е најтешко за играње?

Кумани, кои што беа најгласни и најбројни на натпреварот од плеј-аут.



Најдраг колега од РК Радовиш?

Филип Трајанов.

Контра или позиционен напад?

Контра, брза реализација.

Омилена песна во соблекувална после победа?

Freed from Desire 😃

Пиво или Coca-Cola после победа?

Пиво.

Скок-шут или лоб?

Лоб.



Кој бил најголем мотиватор во екипи за кои досега си настапувал?

Ристо Магдинчев.

Кој од соиграчите е најгласен во РК Радовиш за време на натпреварите?

Филип Костадинов.

За кој ракометен клуб навиваш?

СК Магдебург.

Кој соиграч најдобро те „чита“ на теренот?

Васе Петров и Здравко Постолов, подеднакво.

Тесна победа или убедлива победа?

Тесна победа.

ФОТО: Спортска Мрежа

Загубен натпревар на кој ти си најдобар стрелец или победа без да постигнеш гол?

Победа без да постигнам погодок.

Кој твој соиграч е најгласен во соблекувална?

Филип Костадинов.

Радовишки сомун или штипска пастрмалија?

Радовишки сомун.

Кој тренер делел најмногу совети пред натпревари и за време на тренинзи?

Ристо Магдинчев.

Кој е твојот омилен дел од тренингот?

Тактичката подготовка.

Зимски или летни подготовки?

Летни.

Тренинг во сала или теретана?

Во сала.

Омилен појадок?

Омлет.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Што ти поминува низ глава кога твојот тим се соочува со висок пораз?

Каде згрешивме во подготовката на натпреварот и што треба да се смени и поправи.

Која прослава на победа со соиграчите најмногу ја паметиш?

Победа против РК Прилеп претходната сезона со која што обезбедивме сигурен опстанок и ја остваривме целта.

Кој ракометар ти дал совет кој ти помогнал многу во ракометот?

Секогаш сум учел и сум ги прашувал сите поискусни соиграчи со цел да научам нешто ново.

РК Прилеп или РК Радовиш?

РК Радовиш.



Кога играш дома, што повеќе те мотивира – публиката или противникот?

Публиката.

Со кој играч најмногу се зближи по доаѓањето во Радовиш?

Филип Трајанов.

Дали имаш некој ритуал пред натпревари, што ти носи среќа?

Го слушам „Страјк“.

Преку рубриката „На полувреме …“ Спортска Мрежа има за цел да донесе една поинаква атмосфера со спортистите – кратки прашања и разговори, брзи одговори, забава и смеа, а овој пат во фокусот на нашата рубрика беше ракометарот на Радовиш.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!