Втора лигаФудбал

Победа горда на своите деца: капитенот најстар – роден 2006, младите храбро излегоа кога беше најтешко

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалскиот клуб Победа продолжи со натпреварување во Втора македонска фудбалска лига, иако претходно преку официјално соопштение информираше дека поради очајната финансиска состојба не е во можност да ја продолжи сезоната.

Ваквата ситуација го вклучи „црвениот аларм“, по што целиот фудбалски Прилеп се крена на нозе. Во изминатиот период се одржаа јавни собири на кои прилепчани се мобилизираа за спас на клубот и негово продолжување со натпреварување, додека верните навивачи бараат одговорност за тоа како клубот е доведен во ваква состојба.

Има многу отворени прашања – како во иднина ќе се пронајде решение за излез од големите финансиски долгови. Но, Прилеп деновиве е горд на своите млади фудбалери, кои кога е најтешко застанаа зад клубот. Во саботата тие излегоа на терен и го одиграа првиот пролетен натпревар против Новаци. Иако поразени со 0-5, токму тие момчиња се вистинските херои во овие тешки моменти.

Меѓу стативите застана Виктор Анѓелевски (2008), а на теренот беа и Матеј Талески (2008), Давид Паскоски (2008), Давид Здравески (2009), Кренар Сулемани (2009) и Кристи Крајоски (2006), кој ја носеше капитенската лента и воедно беше највозрасниот фудбалер во составот.

Настапија и Димитар Шаркоски (2007), Леонид Митрески (2008), Гоце Кузманоски (2009), Арсениј Солевски (2009), како и Гоце Петрески (2008) и Андреј Петрески (2008).



На клупата за резерви беа Тодор Ѓероски (2008) и тројцата фудбалери родени 2009 година – Далијан Волчески, Филип Петрески и Давид Здравески.

Победа е гордост не само на Прилеп, туку и на цела Македонија. Во периодот што следува, пред клубот стојат сериозни предизвици поврзани со неговата иднина и опстанок, но едно е сигурно – кога е најтешко, младите се тие што покажуваат што значи љубов кон клубот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!