Денес во Свети Николе се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашите Овче Поле и Брегалница од Делчево, на кој имаше два погодоци, но немаше победник, реми од 1:1.
Овој меч беше можност за тренерите на двете екипи да видат како оди подигањето на формата. Стрелец на голот за тимот од Делчево беше новото засилување Христијан Крстов кој го имаше деби голот за новиот клуб. За тимот од Свети Николе стрелец на голот беше Роберто Андов.
Во рамки на првото пролетно коло екипата на Овче Поле ќе гостува во Струмица кај Тиверија, додека пак Брегалница Делчево ќе игра дерби на домашен терен против второпласираниот Ударник од Пирава.