Ракомет

Охрид меѓу европската елита: Охриѓани го чекаат ривалот во ТОП 8

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид продолжува да ја живее својата европска приказна од соништата. Со две убедливи победи над Дукла Прага (30-21 и 30-24), охриѓани изборија место меѓу осумте најдобри во ЕХФ Европскиот куп – најголем клупски успех на меѓународната сцена.

Тимот на Борис Ројевиќ во Прага покажа зрелост и карактер, не дозволувајќи драматичен пресврт и рутински го потврди пласманот. Со вкупна предност од +15, „гладијаторите“ испратија силна порака дека не случајно се во ова друштво.

ФОТО: ГРК Охрид

Без фаворити – секој против секого 

Во четвртфиналето повеќе нема повластени позиции и нема носители – секој може да се падне со секого. Охрид ќе има седум можни противници, а конкуренцијата е сериозна и разновидна, од искусни европски клубови до амбициозни проекти со големи буџети.

Ако се бара „поповолна“ ждрепка на хартија, тоа би биле тимовите на Извиѓач Љубушки, Бурса Нилуфер или Бањик Карвина – екипи против кои Охрид би можел рамноправно да се надигрува и да се надева на полуфинале.

Сепак, предизвиците не изостануваат. Потешка задача би значеле дуели со Олимпијакос, Бузау или Целје – клубови со искуство и европска традиција.

Можеби најголем предизвик би бил евентуален дуел со Татабања, тим кој располага со сериозен буџет и важи за еден од главните фаворити во ова натпреварување.

ФОТО: ГРК Охрид

Европа како потврда на растот 

Пласманот во ТОП 8 не е само резултат, туку и потврда за континуитетот и развојот на клубот. Охрид сезонава игра на три фронта, а европската приказна доаѓа како круна на амбициозниот проект што постепено се гради.

Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи во Виена во вторник од 11:00 часот, а натпреварите од оваа фаза се закажани за 28/29 март и 4/5 април.

ФОТО: ГРК Охрид

Европската авантура продолжува – а по елиминацијата на Дукла со две сигурни победи, „гладијаторите“ веќе покажаа дека имаат капацитет да се носат со секој ривал. Во оваа фаза нема лесни противници, но има и еден тим од Охрид, кој верува во себе и не се плаши од големите имиња.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!