Прва лигаФудбал

Работнички конечно победи: Гол-шоу во Струмица и прв гостински триумф сезонава

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Работнички стави крај на долгата резултатска агонија и во 19. коло од ПМФЛ забележа голема победа на гости кај Брера Струмица со 3-4. За тимот од Дебар Маало ова е само втора победа сезонава, но и прв гостински триумф, со што барем малку се враќа надежта во борбата за опстанок.

Натпреварот започна идеално за скопјани. Новото зимско засилување Џејкоб Езеб уште во 5. минута ја отвори серијата, откако избега зад одбраната и рутински реализираше за водство. Брера одговори во 18. минута преку Миле Тодоров, кој го искористи невниманието во одбраната за 1-1.

Сепак, гостите не се поколебаа. По нешто повеќе од половина час игра, повторно Езеб беше на вистинското место и со својот втор гол донесе нова предност за Работнички (1-2), резултат со кој се замина и на паузата.

Клучниот период се случи веднаш по стартот на второто полувреме. Во 51. минута Сухејљ Мухарем зголеми на 1-3, а само една минута подоцна Никола Манојлов ја искористи збунетоста во домашната одбрана и погоди за високи 1-4. Во тие моменти изгледаше дека прашањето на победникот е решено.

Но, Брера не се предаде. Тодоров со својот втор погодок во 72. минута намали на 2-4 и ја врати неизвесноста. Во финишот имаше тензии и возбудувања, а домаќините преку Велков во судиското продолжение стигнаа до 3-4. Сепак, немаа доволно време за целосен пресврт.

Со овие три бода Работнички стигна до вкупно 10 и останува на претпоследната позиција, но со значајна психолошка инјекција пред продолжението од сезоната. Брера, пак, останува на средината од табелата со шест победи зад своето име.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Јехона против Радовиш во Купот, Младост Богданци против Текстилец, Мулти Есенс со Вардар Неготино

Денес во „Куќата на ракометот“ беа извлечени двојките за елиминациското коло од Купот на Македонија. Текстилец – Младост Богданци Овче Поле – Еурофарм...

Ракомет

Капитенска порака од Ојлески: „Не смееме да мислиме на предноста, ова е нов меч”

Продолжува европската мисија за ГРК Охрид. По триумфот од девет голови разлика на домашен терен, „гладијаторите“ утре гостуваат кај Дукла Прага во реваншот...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Младинците на Детонит Плачковица утре на контролки во Врање против Академија Врање 23

Младинските селекции на Детонит Плачковица утре, сабота (21 февруари), ќе одиграат пријателски...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Петковски ќе им суди на Саса и Тиверија, Изеири го доби дербито во Струга, Велевачкоска на центарот во Пржино

Утре стартува пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од...

Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Вардар и Башкими, Стојанче Трпчевски главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 19....

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски го доби дербито меѓу Беласица и Охрид, Дејан Младеновски главен во Тетово

Познати судиите за првото пролетно коло односно 16-тата рунда од Втората фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!