Останато

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на Зимското првенство на САД. Триумфот во финалето беше всушност реванш за поразот во првиот дел од шампионатот од овој тим на 29.јануари кога загубија со 4:1.

Што се однесува до настапот на Ивановски тој во финалниот меч по голема борба го совлада Престон Стринс со 2:0 во сетови (75 64). Калин ја донесе и клучната победа за својот Универзитет.

Македонскиот тенисер за својот тим донесе исклучително важни поени. Во полуфиналето против Бејлор Универзитет кога со 2:1 во сетови (36; 62 и 63) го совлада Сомбор Велч, како и во четвртфиналето кога го совлада Роланд Де Равел од ТСУ Универзитетот со 2:1 во сетови (36; 63 и 63). Претходно Ивановски имаше и порази од Стринс (Охајо) и Арјан Шах (Вејк Форест) и победа против Елијах Чам од Јужна Флорида. Инаку поразот од Стринс од Охајо (29.јануари) беше поради повреда каде Калин го предаде мечот што беше и пречка да настапи за Дејвис куп репрезентацијата на Македонија на почетокот на февруари.



Покрај сингл мечевите Ивановски имаше настапи и во конкуренција на двојки каде настапуваше со Абел Форже.

Ова за неговиот Универзитет е прва титула откако претходното финале пред две години го загубија.

За Ивановски ова беше дебитански настап за Тексас Универзитетот. Тој за својот Универзитет ќе настапува до крајот на натпреварите во САД (завршуваат во месец мај), а потоа ќе има можност да настапува и на турнири од АТП и ИТФ серијата.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!