Ракомет

(ВИДЕО) СКАНДАЛ во женскиот Куп на Македонија: Ракометарките си постигнуваат автоголови за да не победат!

Сподели
Голманката ја додава топката до ракометарка од нејзината екипа, а истата си постигнува автогол
Сподели

Викендот се играат натпреварите од женскиот ракометен Куп на Македонија, а тоа што се случуваше на натпреварот меѓу Скопје и Гевгелија беше досега невидена ситуација во македонскиот ракомет.

Во последните пет минути од натпревар двете екипи намерно не постигнуваа голови, намерно топките ги шутираа околу голот свесно да не постигнат гол, па отидоа дотаму што си постигнуваа и автоголови, со цел да не победат?

Дефинитивно овој меч и овој момент е пример како не треба да се однесуваат спортистите на теренот, но еве во Македонија и тоа се случува, па се отвара прашањето воопшто за напредокот на спортот? Конечниот резултат беше 16:17 за гостинската екипа односно за екипата на Гевгелија.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГО КОМИЧНИОТ МОМЕНТ ОД НАТПРЕВАРОТ КОГА РАКОМЕТАРКИТЕ СИ ПОСТИГНУВАА АВТОГОЛОВИ:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!