ИнтернационалциФудбал

Првиот човек за судии во УЕФА гостин во Македонија на покана на Омерагиќ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, во четврток со почеток од 14:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје ќе се одржи свеченото доделување на ФИФА значките за македонските интернационални судии за 2026 година.

Настанот ќе го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, а на негова покана во Скопје ќе престојува и шефот на судии на УЕФА, Роберто Росети. Росети, кој воедно е и одговорен за делегирање судии во рамки на УЕФА, ќе одржи стручно предавање пред македонските арбитри.

Свое обраќање ќе има и претседателот на Судискиот одбор при ФФМ, Емил Божиновски, додека на семинарот се очекува учество на повеќе од 70 судии од целата држава.

Ова ќе биде прва официјална посета на шеф на судии на УЕФА на Македонија, што претставува значајно признание за работата на ФФМ и нејзината соработка со европските фудбалски институции.

„Ова е значаен момент за македонското судење. Присуството на Роберто Росети и можноста за директна комуникација со највисокото ниво на европското судење претставуваат голема шанса за нашите арбитри. Убеден сум дека ваквите настани ќе придонесат за дополнителна професионализација, поголема одговорност и уште посилна меѓународна афирмација на македонските судии“, изјави Јосип Бартон, комесар за делегирање судии при ФФМ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!