Третолигашот Тиверија од Струмица ги промовираше последните две зимски засилувања за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток. Струмичани го вратија голгетерот Никола Трајков, а го претставија и Мартин Шутевски.
Трајков кој има 23-години покрај за Тиверија има настапувано и за Спартмани, Василево, а ги има минато младинските категории на Академија Пандев.
22-годишниот Шутевски во Тиверија доаѓа од третолигашот Аеродром, претходно беше дел од Петровец, Спартмани, а потекнува од Академија Пандев.
Тиверија презимува на осмото место со десет бодови и ќе цели кон што подобар пласман во пролетниот дел.