Ракомет

Поради големите поплави во Кичево одложен натпреварот со Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево, поради што денеска немаше услови за одигрување ракометен натпревар. Средбата меѓу РК Кичево и РК Вардар Неготино е одложена и ќе се одигра во дополнително утврден термин.

Наместо спортски возбудувања, спортската сала „Христо Узунов“ беше ставена во функција на помош за граѓаните. Околу 200 лица кои беа евакуирани поради поплавите се привремено сместени во салата додека трае санирањето на штетите.

Ова не е првпат објектот да се користи за ваква намена. И во јануари, при претходните поплави во Кичево, евакуираните жители беа згрижени во салата „Христо Узунов“ сè до завршувањето на санацијата на штетите.

Новиот термин за одигрување на натпреварот ќе биде дополнително објавен.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Поради големите поплави во Кичево одложен натпреварот со Вардар Неготино

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево, поради што денеска немаше услови за одигрување ракометен натпревар. Средбата меѓу РК Кичево и...

Прва лигаФудбал

Белули: Поразот од Вардар е минута, сакам победа против Брера Струмица!

Утре во Гостивар ќе се одигра натпреварот меѓу Арсими и Брера Струмица од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига. Играчот од средниот...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров 2 убедливо славеше во Гостивар над Јехона

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 славеа убедлива победа од 13:38 над Јехона...

Ракомет

Мулти Есенс и Текстилец со високи победи, Македонија ЃП го освои Свети Николе

Мулти Есенс со висока и убедлива победа ја отвори 2026 година откако...

Ракомет

Тиквеш го доби Куманово и обезбеди место во плеј-офот

На едно коло пред крајот на регуларниот дел од Супер лигата, Тиквеш...

Ракомет

Атлетик пресилен во Свети Николе, Стружанка убедливо го декласираше Шампион

Со мечевите од 14. коло беше отворен пролетниот дел во Првата женска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!