Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголемува!

Сподели
Сподели

Минатиот викенд беше искористен за да се одиграат последните пријателските натпревари, а веќе в сабота стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Второлигашите имаа доволно време за одмор, за подготовки, одигрување на пријателски натпревари и секако за засилувања односно промени во ростерите.

Едно е сигурно, претходно како што пишувавме листата на „отпишани“ второлигаши ја сочинуваат Големо Коњари, Слога Виница и Преспа кои немаат шанси за да изборат опстанок, па веќе се подготвуваат за враќање во Трета лига, односно овие три екипи ќе имаат само епизодна улога како второлигаши.

Но, листата на „отпишани“ второлигаши се зголемува. Очајната финансиска ситуација на Победа и соопштението од прилепскиот второлигаш дека нема да продолжи со натпреварување во Втора лига го мобилизираше фудбалски Прилеп да се направат напори да се доигра сезоната, но како да се доигра?

Ќе се „крпи“ тим со млади играчи и со играчи кои немаат клуб, со цел да се доигра сезоната, па овој тим речиси и оди на листата на „отпишани“ второлигаши во битката за опстанок, баражот е единствена шанса, но внатрешните проблеми прават дополнителни предизиви со кои Победа се соочува.



Вардар Неготино не покажа ништо на трансфер пазарот со звучно засилување, квалитетот на тимот не е на некое високо ниво, иако има пет бодови негатива од бараж зоната, ќе биде исклучително тешко за овој тим. Тетекс е далеку поквалитетен, Саса има искусни имиња во тимот, а Кожуф кој како деветти е во бараж зоната има солидна бодовна залиха.

Дали Вардар Неготино ќе се врати од листата на „отпишани“ и ќе стигне до бараж ќе биде прашање на време во првите неколку кола, а можеби и во првото пролетно коло кога гостува во Тетово кај Тетекс.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!