Втора лигаФудбал

Тетекс ги промовираше новите засилување – целта е опстанок во Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс
Сподели

Второлигашот Тетекс за пролетниот дел се засили со осум ново играчи, со кои го подига квалитетот во сопствените редови за остварување на целта во пролетниот дел – опстанок во Втора лига.

„Штофарите“ имаа интензивни и успешни подготовки, од управата на клубот и стручниот се задоволни од досегашната работа, како и од одиграните пријателски натпревари, со кои се доби јасна слика за тимот.

Нови има во тимот се Амар Хаџибулуќ, Или Зибери, Максим Цониќ, Александар Анастасијески, Хисар Али, Едис Бајрами, Мартин Јованоски и Матеј Јордановски.

Хаџибулуќ е 19 годишник кој доаѓа од Кожуф, а беше дел и од Работнички од каде и ја започна кариерата. Зибери, пак има 20 години и во Тетекс доаѓа од Вардар, а тој всушност е повратник во редовите на „штофарите“, во минатото настапуваше и за Вардар Форино, како и за младинските категории на Шкендија.

Цониќ во Тетекс дојде од Беласица, 19-годишникот беше дел и од Силекс, Работнички и Вардар од каде и ја започна кариерата. 18-годишниот Али во минатото беше дел од Шкендија, Беса од Добри Дол, а настапуваше и за Фероникели од Косово.



Бајрами е 18-годишен фудбалер кој во Тетекс дојде од младинските категории на Шкендија, Јованоски пак има 19 години доаѓа од младинските категории на Работнички.

Од клубот си заминаа Ментор Салији, Аљтрим Јакупи, Даниел Николовски, Мухамед Амити, Даут Даути, Лука Гавроски и Генц Гаши.

Од клубот им се заблагодарија на соработката на играчите кои кариерата ја продолжуваат во нова средина, а пак на новите играчи им посакаа добредојде и многу успех во дресот на Тетекс.

Пролетниот дел Тетекс го отвара на домашен терен против Вардар Неготино на домашен терен.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Поради големите поплави во Кичево одложен натпреварот со Вардар Неготино

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево, поради што денеска немаше услови за одигрување ракометен натпревар. Средбата меѓу РК Кичево и...

Прва лигаФудбал

Белули: Поразот од Вардар е минута, сакам победа против Брера Струмица!

Утре во Гостивар ќе се одигра натпреварот меѓу Арсими и Брера Струмица од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига. Играчот од средниот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Белули: Поразот од Вардар е минута, сакам победа против Брера Струмица!

Утре во Гостивар ќе се одигра натпреварот меѓу Арсими и Брера Струмица...

КупФудбалФутсал

Бутел пресилен, пенали го решија победникот во Кавадарци, „луд“ меч меѓу Балкан и Каршиака

Прволигашот Бутел лесно се пласираше во четвртфиналето од Футсал Купот на Македонија...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголемува!

Овој викенд беше искористен за да се одиграат пријателските натпревари, а веќе...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Струмица со јавен повик за нови фудбалски судии – шанса за младите љубители на фудбалот

Општински фудбалски сојуз Струмица објави јавен повик до сите млади момци и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!