Прва лигаФудбал

Пелистер со ново засилување од Србија – Михајло Петровиќ пристигна на позајмица во Битола

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер го заокружи преодниот рок со ангажман на млад и перспективен фудбалер од Србија. Ново име во зелено-белиот табор е 20-годишниот офанзивен играч за врска Михајло Петровиќ, кој доаѓа на позајмица од ОФК Београд до крајот на сезоната.

Петровиќ важи за фудбалер со сериозен развоен пат. Тој е производ на младинската школа на Партизан, каде што ги мина сите возрасни категории, а стигна и до сениорскиот состав. Во досегашниот тек од кариерата запиша настапи во српската Суперлига, а во есенскиот дел од сезоната беше дел од тимот на ОФК Београд.

Станува збор за креативен играч од средниот ред, кој природно делува зад напаѓачите, но може да одговори и на позицијата лево крило. Воедно, зад себе има настапи за младинските селекции на Србија до 18 и до 19 години, што дополнително ја потврдува неговата перспектива.



Трансферот е реализиран на иницијатива на тренерот Милан Стојановски, кој добро го познава Петровиќ од заедничкиот период во Телеоптик и верува дека младиот фудбалер ќе донесе свежина и поголема конкуренција во средниот ред.

Петровиќ веќе е во Битола и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб во продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, со цел да помогне во остварувањето на амбициите на Пелистер.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!