Денес се одигра пријателски натпревар во Ношпал меѓу третолигашот Напредок и Големо Коњари, а конечниот исход од истиот беше триумф од 1:2 за второлигашот.
Ова беше „генералка“ за Големо Коњари бидејќи веќе следниот викенд започнува пролетниот дел во Втора лига, а Големо Коњари ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица.
Александар Кочишки беше единствениот стрелец за Напредок, а пак за Големо Коњари двоен стрелец беше Беким Алими.

Успешна „генералка“ за Големо Коњари, кој го очекува тешка борба да стигне барем до баражот за опстанок во Втора лига, а пак Напредок ќе има време за да поработи на подигањето на формата до почетокот на пролетниот дел во Трета лига – Југ.
