Денес ќе се одигра големото одбојарско мега-дерби меѓу Штип УГД и Струмица, соочување на освојувачот на Купот на Македонија и шампионот во домашното првенство.
Реприза на ланското финале каде императивот за победа е огромен. Штипјани одлично ја отворија сезоната со четири од четири и со максимални 12 бодови е на врвот од табелата, додека пак Струмица има три од три (еден одложен меч) и максимални 9 бодови на своето конто.
Двете екипи доминираат на стартот од сезоната, а веќе денес во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се соочат за првпат во новата сезона.
„Како капитен на тимот, навистина сум горд на моите соиграчи и на посветеноста што ја покажавме во изминатите неколку натпревари, овој дерби натпревар е многу повеќе од само игра за нас, тоа е можност да го покажеме нашиот труд, тимски дух и страст пред нашите навивачи. Подготвени сме, полни со енергија и ќе дадеме се од себе за да ја извојуваме победата. Го повикуваме секој кој може да дојде и да нe’ поддржи, бидејќи навивачтие се нашиот седми играч на теренот“, изјави Горѓи Крстевски, капитен на Штип УГД.
И шампионот Струмица го најавија дербито во Штип против нивниот голем конкурент за титулата.
„Нашите момци се спремни да го дадат најдоброто. Секој кој е во можност да не’ бодри од трибини ќе биде забележан и посебно сенет. Одвај чекаме да ве видиме сите тмау како навивачите. Ајде да го направиме овој натпревар незаборавен за двата тима, се гледаме на терен“, велат од шампионот.
Натпреварот во Штип започнува во 18 часот.