Прва лигаФудбал

Вардар со Седлоски до голема победа над Шкупи, Струга слави над Работнички кој повеќе не е лидер во ПМФЛ!

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija
Сподели

Гоце Седлоски по вторпат седна на тренерското столче на Вардар и тргна победнички, откако денес најтрофејниот македонски фудбалски клуб славеше со 3:2 во скопската пресметка над Шкупи, со што Седлоски успеа да го врати Вардар на победничките патеки, победа која се одчекуваше долго.

Вардар и натаму е во опасната зона, но сега има ист број на бодови како и Воска Спорт која е во бараж зоната, а пак Шкупи е во златната средина со 16 бодови, но со три порази во низа.

Канда донесе водство за Шкупи од 0:1, а пак Вардар преку Закариќ и Николоски дојде до 2:1 на полувреме. Во вториот дел Ибиши израмни на 2:2, а пак Мицевски постигна гол за голема победа на Вардар од 3:2.

Тиквеш никако да погоди и гол да постигне, денес нова „нула“ против Беса, реми на мечот во Кавадарци (0:0).

Дарко Додев донесе победа за Силекс од 1:0 над Пелистер, а пак шампионот Струга Трим Лум со голот на Кехинде славеше над Работнички, со што „романтичарите“ го запишаа првиот пораз и повеќе не се на врвот во Првата лига.

Убедлива победа запиша Гостивар откако на домашен терен со 4:0 беше пресилен за Воска Спорт. Во првото полуреме погодоци на „Борис Трајковски“ во Маџари немаше, а во вториот дел паднаа четири гола.

Џало го отвори резултатот за 1:0, потоа Диатта постигна гол за 2:0, а два брзи гола во финишот даде Симоновски.

Голеада во Тетово каде беа постигна седум погодоци за победа на Шкендија од 4:3 над Брера Струмица. Шала и Рамадани погодија за 2:0, а во финишот на првиот дел Ристовски даде гол за 2:1. На стартот од вториот дел Ивковиќ даде гол за 2:2, но брзо веќе во 53. минута Адеми стрелаше за 3:2, а пак Крстевски за 4:2. Во 76. минута од натпреварот Ивковиќ со втор гол ги постави конечните 4:3.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!