РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Медицинскиот тим на ФФМ на престижен семинар во Минхен за професионален третман на спортисти

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претставници на медицинската и антидопинг комисија во рамки на Фудбалска федерација на Македонија учествуваше на 8-от семинар за професионален третман на спортисти, кој се одржа во Минхен, под покровителство на компанијата Arthrex.

Нашата делегација беше една од вкупно 20 делегации од Европа кои активно учествуваа на овој престижен настан.

Годинава, семинарот за првпат беше отворен и за држави кои не припаѓаат на германското говорно подрачје, што претставува дополнително признание за стручната работа и угледот на медицинските тимови на ФФМ.

Меѓу предавачите беа врвни имиња од областа на спортската медицина и рехабилитација, меѓу кои и Марк Жилет, главен медицински офицер на Premier League, Енда Кинг, раководител на одделот за развој и рехабилитација во болницата Aspetar во Доха, Катар, како и д-р Даниел Броман, шеф на спортската медицина во City Football Group.

Семинарот опфати современи методологии за третман на спортски повреди, најнови пристапи во спортската трауматологија, како и практични искуства поврзани со рехабилитација, превенција и нутритивна поддршка на професионални спортисти.

На семинарот во Минхен наши претставници беа д-р Небојша Настов, д-р Александар Милевски, како и физиотерапевтите Бојан Цаневски и Срѓан Димитриевски.

„Станува збор за исклучително квалитетен и практично ориентиран семинар, каде што има можност директно да се разменат искуства со врвни експерти од европскиот и светскиот фудбал. За нас како медицински тим е од огромно значење постојано да ги следиме најновите трендови во спортската медицина, рехабилитацијата и превенцијата на повреди. Овие знаења директно ги применуваме во работата со нашите репрезентативци, со цел да обезбедиме највисоки стандарди на грижа и подготвеност“,вели Д-р Небојша Настов, прв доктор на А репрезентацијата на Македонија.

Учеството на Здравствената и антидопинг комисијата на ФФМ на ваков настан претставува значаен чекор во континуираното унапредување на медицинските стандарди во македонскиот фудбал и потврда за посветеноста кон обезбедување врвна грижа за репрезентативците и сите национални селекции.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!