Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа им даде силна предност на „гладијаторите“, но тренерот Борис Ројевиќ е свесен дека вториот натпревар ќе биде сосема нов предизвик.

Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, искрено ја оцени играта на својот тим и потенцира дека и покрај резултатот, постојат области кои бараат подобрување, особено со новите играчи кои сè уште се адаптираат. Тој предупреди дека двомечот не е завршен и дека сè е можно, посочувајќи дека очекувал и поголема поддршката од трибините.

„Искрено, дека сум потполно задоволен, не сум. Она што на почетокот функционираше, во вториот дел- не. Имаме нови играчи, сметам дека им треба уште време да се вклопат, и тоа малку ме загрижува. Пример, имаме единаесет разлика, чиста топка, досудуваат фаул, па добиваме две минути за приговор..што за мене е лошо..и за малку ќе ни направеа и 3:0, па ќе одевме со осум разлика на реваншот. Јас бев во својот матичен клуб кога го победивме норвешки Сандефјорд со единаесет голови разлика и се направи прослава за пласман понатаму, а потоа таму се изгуби со тринаесет разлика. И публиката мора да сфати дека ова е двомеч, и дека буквално сè е возможно, и искрено очекував можеби малку поголема поддршка од трибините.“ – изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

Со оваа анализа, Охрид ќе патува во Прага со внимателно планиран пристап, решен да ја зачува предноста и да се избори за пласман меѓу најдобрите осум во ЕХФ Купот. Атмосферата, фокусот и максималната концентрација на терен ќе бидат клучни за да се завери европскиот сон на охриѓани.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа...

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра...

Поврзани написи
Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21...

Ракомет

Кристијан Дуда: „Атмосферата во Охрид е можеби најубавото нешто што сум го искусил досега”

И покрај убедливиот триумф на Охрид со 30-21 во „Билјанини Извори“, во...

Ракомет

Драчево Јуниор убедливо го доби Аеродром

Ракометарките на Драчево Јуниор со убедливи 37:29 славеа над Аеродром во рамки...

Ракомет

Моралес: „Можевме и подобро, но девет гола предност ни даваат реална шанса за четвртфинале“

ГРК Охрид направи огромен чекор кон четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!