Ракомет

Моралес: „Можевме и подобро, но девет гола предност ни даваат реална шанса за четвртфинале“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид направи огромен чекор кон четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако во „Билјанини Извори“ убедливо ја совлада Дукла Прага со 30-21 и обезбеди високи плус девет пред реваншот во Прага.

Охриѓани одиграа зрело, трпеливо и доминантно во текот на целиот натпревар. Од самиот старт ја наметнаа својата игра, поведоа со 6-0 и ја диктираа динамиката, додека блескавата форма на Пилиповиќ беше дополнителна сигурност меѓу стативите. И покрај повредата на Лиапис во раната фаза, домашниот состав не дозволи пад во играта, а во второто полувреме разликата достигна и максимални +13, пред гостите само минимално да ја ублажат негативата за конечни 30-21.

По убедливата победа и контролата во текот на најголемиот дел од натпреварот, одбранбениот столб во редовите на Охрид, Ориол Реј Моралес, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека тимот одиграл квалитетен меч, но дека сепак чувството на крај е дека можеле и подобро. Тој потенцираше дека разликата можела да биде и повисока, но изрази уверување дека и сегашната предност е сериозна основа за пласман во следната фаза.

,,Мислам дека одигравме солиден натпревар, иако впечатокот на крај е дека можевме и подобро. На десетина минути пред крај имавме и над десет голови разлика, на крај се девет, но сметам дека и тоа може да биде доволно за нас да поминеме во следната рунда.”- изјави Моралес за Спортска Мрежа.

Со убедливата победа и висока предност пред реваншот, Охрид испрати јасна порака дека сериозно чекори кон европската елита. Тимот покажа квалитет, карактер и тактичка зрелост, а доколку ја повтори истата дисциплина и во Прага, европскиот сон за пласман меѓу најдобрите осум ќе стане реалност.

Останува уште еден чекор – но со ваква игра и самодоверба, охриѓани имаат силен аргумент во своја корист пред реваншот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!